logo
logo
logo

Билд: Лев го активира Томас Милер за европското

Vecer | 11.05.2021

Билд: Лев го активира Томас Милер за европското

Денешен „Билд“ тврди дека селекторот на Германија, Јоаким Лев размислува во составот за Евро 2020 да го сврсти и ветеранот Томас Милер. Според информацијата, Лев веќе го повикал играчот за врска на Баерн. разговарал со него и го уверил дека сака повторно да се потпре на него.

Милер последен пат играше за Германија во ноември 2018 година во Лигата на нациите, а по одличните партии за Баерн во последно време, јавноста во Германија речиси и да инсистира тој повторно да го облече националниот дрес.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk