По серија лоши резултати, екипата на РБ лајпциг на нашиот Елиф Елмас вечерва ја врза и втората победа, откако го доби дербито во врвот на Бундеслигата против екипата на Ајнтрахт (Ф) со 2:1.
„Биковите“ подобро го отвирија мечот и поведоа со голот на Шешко во 19. минута, по што следуваше одговор од гостите, кои на пет минути пред крајот на полувремето со голот на Браун израмнија на 1:1.
Момент на одлука вечерва беше 52. минута, кога по втората асистенција вечерва на Баумгартнер, овој пат Опенда ја погоди гостинската мрежа и го врати Лајпциг во водство, овој пат од 2:1, што подоцна се покажа и конечен резултат на средбата.