logo
logo
logo

БИБЛ: Куманово и ТФТ ги добија противниците за втората фаза

Vecer | 05.02.2021

БИБЛ: Куманово и ТФТ ги добија противниците за втората фаза

Денес во Софија, Бугарија, се одржа ждрепката за втората фаза од кошаркарската БИБЛ лига. Вкупно шест екипи беа распоредени во две групи од по три екипи.

Македонските преставници Куманово и ТФТ, како што и се оечкувашаше, се најдоа во различни групи. ТФТ е во групата „Ф“ заедно со Хапоел Гилбоа Галил и Берое, додека Куманово во групата „Г“ во друштво на Хапоел Холон и Академик Пловдив.

Според правилата на БИБЛ лигата за оваа сезона, првопласираните два тима од секоја од групите ќе се пласираат во полуфиналето. Раководството на БИБЛ лигата во иднина ќе го објави и комплетниот распоред на втората фаза кој ќе биде подготвена во координирана со сите тимови и национални федерации.

Група Ф

Хапоел Гилбоа Галил

БК Берое

КК ТФТ

Група Г

Хапоел Холон

Б.К. Академик Пловдив

КК Куманово 2009

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk