logo
logo
logo

Без Роналдо кај Аталанта: Статистиката вели дека Јуве не знае да победува без ЦР7

Vecer | 18.04.2021

Без Роналдо кај Аталанта: Статистиката вели дека Јуве не знае да победува без ЦР7

Јувентус попладнево од 15 часот гостува во Бергамо кај Аталанта без повредениот Кристијано Роналдо. „Старата дама“, статистички, нема успех на натпреварите на кои Португалецот не е во тимот.

Според статистиката, Јувентус оваа сезона победи на само два од шест натпревари на кои Роналдо не беше на теренот.

„Кристијано нема да настапи поради повреда. Би било премногу ризично за нас да го ангажираме во Бергамо “, објави тренерот на Јувентус, Андреа Пирло на вчерашната прес-конференција.

Во Јуве се надеваат дека тој ќе се опорави до среда.

Роналдо нема да му биде на располагање на Пирло седмипат оваа сезона. Тој пропушти четири натпревари во октомври кога имаше позитивен тест на Ковид-19, по што Јуве славеше над Динамо (К), загуби од Барселона и одигра нерешено со Кротоне и Верона. Во ноември кога исто така не играше на два меча, Јуве победи против СПАЛ во Купот, но ремизираше со Беневенто.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk