logo
logo
logo

Без “ЛАВОТ“ Адеми со Романија!

Vecer | 22.03.2021

Без “ЛАВОТ“ Адеми со Романија!

И дефинитивно нашата најдобра репрезентација ќе мора без Аријан Адеми на стартот од квалификациите за пласман на СП во Катар 2022 година. “Лавот“ Адеми, кој е еден од нашите клучни играчи поради ситна повреда ќе мора да го прескокне гостувањето во Букурешт во четврток каде се среќаваме со селекцијата на Романија.

Сепак постојат шанси тој да настапи за Македонија на следните два меча, против Лихтенштајн во Скопје (28.03) и Германија (31.03) во Дуисбург.

Ова да се оствари се чека “виза“ од докторскиот тим на неговиот клуб Динамо Загреб.

Да потсетиме дека за две недели Адеми и Динамо ги чека 1/4 финалето во Лигата на Европа против Виљареал.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk