Поради проблем со левото колено, Димитар Димитриоски нема да биде дел од нашата ракометна селекција за вечерашниот меч со Данска во Скопје и реваншот на гостински терен.
Селекторот Кире Лазаров, заедно со својот стручен штаб потврдија дека левото крило на Вардар не ќе може да помогне на овие два меча од квалификациите за ЕП 2022.
На неговата позиција Македонија ќе ги има на располагање Манасков и Кузманоски.
sportmedia.mk