Дерик Роуз кнечно ја виде светлината во НБА лига

Бев на мрачни места во претходните неколку години

Едно од најголемите засилувања во тимот на Кливлед Кавалирс, Дерик Роуз ќе има можност за нов почеток во новата сезона од НБА лига.

-Бев на мрачни места во преходните години. Под мрачни места се подразбира дека играв осветничка кошарека, а тоа не е мојот начин на игра. Уживам да се натпреварувам, но кога се вратив по санирање на повредата се трудев да покажам дека можам повторно да бидам на врвот и да им докажам на луѓето дека не биле во право кога ме отпишаа, изјави Роуз.

Поранешниот Ол – Стар играч се надева дека Кливленд може да игра многу послободно и повторно да го освои шампионскиот прстен во НБА лига.

-Сакам да ја играм својата игра. Пред да дојдам во лигата, пред се бев организатор на играта, но во првата сезона во тимот на Чикаго Булс, морав да станам и реализатор. Мислам дека во новата сезона ќе имате шанса да ги видите моите плејмејкерски способности и асистенции, изјави Роуз и додаде:
Чувствувам дека сум во одлучна ситуација, тука во Кливленд. Сите се фокусирани. Ми се допаѓа стручниот штаб, комплетниот тим и мислам дека ќе ги исполнам очекувањата на луѓето кои веруваат во мене.

Дерик Роуз, во изминатите неколку години постојано се мачеше со повредите, претрпе и неколку операции на колената, но сега е подготвен да го птикаже својот репретоар на паркетот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари