logo
logo
logo

Бешикташ и Галата изедначени на чело на табелата, а во недела е последното коло

Vecer | 12.05.2021

Бешикташ и Галата изедначени на чело на табелата, а во недела е последното коло

Неверојатна завршница на турската Супер лига. По одигрувањето на 39. коло ситуацијата на табелата е возбудлива. Бешикташ и Галатасарај ги држат првите две места со ист број на бодови (по 81). Само гол-разликата ги дели на врвот.
Бешикташ можеше да се издвои меѓутоа изгуби дома од Караѓумрук (1:2), а и Фенербахче киксна исто така со пораз од Сивас на домашен терен (1:2) па „канаринците“ се третопласирани со 79 бода. Галата победи на гости против Денизли (4:1) и скокна на второто место.

Во сабота се игра последното коло од првенството и сите три тима имаат шанси да ја освојат титулата. Бешикташ игра во гости со Гезтепе на нашиот Адис Јаховиќ. Галатасарај има полесна задача и ќе игра дома со Малатија, додека Фенербахче освен што ќе чека кикс на ривалите ќе мора да го победи Кајзери во гости.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk