logo
logo
logo

Бешикташ го позајмува Ребиќ, Милан прифаќа се

Vecer | 05.06.2023

Бешикташ го позајмува Ребиќ, Милан прифаќа се

Анте Ребиќ дефинитивно ќе менува клуб летово. За Хрватот нема место на Сан Сиро, а од оваа лоша ситуација го спасува турски Бешикташ. Гигантот од Истанбул се обврзува да го позајми напаѓачот и да преземе 60% од моменталната плата на Ребиќ. По завршувањето на позајмицата Бешикташ ќе се одлучи дали ќе го откупи целосно.

Милан пак се согласува на се од горенаведеното, само за да се ослободи од Ребиќ и да си го олесни буџетот за плати.

Освен Бешикташ медиумите шпекулираат дека поедини Бундеслигаши го сакаат Ребиќ. тој во Германија е многу ценет затоа што се прослави во дресот на Ајнтрајт.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk