ПРИНЦОТ ОД РИМ ИМА МЕКО СРЦЕ

Беше уплашен, тажен, а јас сакав само да му помогнам

Поранешниот репрезентативец на Италија остана во редовите на Рома, но сега ја има улогата на технички директор

Легендарниот капитен на италијанскиот калчолигаш Рома, Франческо Тоти, на крајот од изминатата сезона стави крај на својата богата фудбалска кариера. Популарниот "Принц од Рим", целата кариера ја помина само во дресот на римската "волчица".

Во последното интервју кое го даде за познатиот магазин "Оџи", поубавата половина на Тоти, Иларија Блази, откри како се чувствувал нејзиниот сопруг за време на последниот натпревар кој го одиграл на "Олимпико".

Тоа беше неверојатен ден, не постојат зборови со кои можам да го опишам. Му кажав на Франческо дека треба да направи почесен круг, но тој имаше желба, целата фамилија да му се приклучи, да биде на "Олимпико#. Беше многу уплашен и тажен. Јас сакав само да му помогнам во тие емотивни моменти, сакав заедно да ги поминеме, изјави Иларија.

Поранешниот репрезентативец на Италија остана во редовите на Рома, но сега ја има улогата на технички директор.

Франческо добро знае дека имал многу среќа во животот, но да се каже збогум на најголемата страст во животот не е лесно. Моментално делува многу мирно, но ќе видиме како ќе функционира без фудбалската игра, додаде поубавата половина на Тоти.

Поврзани

Најнови вести

Коментари