logo
logo
logo

Бензема: Сакав да се пензионирам во Реал, но животот ми даде друга шанса

Vecer | 06.06.2023

Бензема: Сакав да се пензионирам во Реал, но животот ми даде друга шанса

Карим Бензема на прес-конференција се збогува од Реал Мадрид. Освојувачот на „Златната топка“ го напушта „кралскиот клуб“ како слободен фудбалер и се сели во Саудиска Арабија каде што ќе игра за Ал Итихад. Според договорот може да заработи околу 400 милиони евра.
Полн сум со емоции. Сакам да му се заблагодарам на Реал и моите соиграчи за се што направија за мене. Имав среќа да го исполнам детскиот сон. Никоогаш нема да го заборавам Реал Мадрид. Невозможно е да го заборавам периодот поминат тука, во најдобриот клуб во историјата.
Реков го исполнив сонот благодарение на претседателот Перез. Кога прв пат го видов си реков: “Ова е човекот кој во Мадрид ги донесе Роналдо и Зидан“. Му благодарам и на Анчелоти од кого научив многу нови работи. Дојде време да пишувам нова приказна.
Планот ми беше да ја завршам кариерата во Реал Мадрид, меѓутоа животот понекогаш ти дава друга шанса. Заедно со мојата фамилија одлучивме нешто друго. Меѓутоа никогаш нема да го заборавам Реал“, изјави Бензема.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk