logo
logo
logo

Бензема ги спаси „Кралевите“ од пораз во мадридското дерби (видео)

Vecer | 07.03.2021

Бензема ги спаси „Кралевите“ од пораз во мадридското дерби (видео)

Атлетико Мадрид за малку не успеа да ги обезбеди трите бода против градскиот ривал Реал Мадрид и да ја впише првата победа над соседот после шест години. „Јорганџиите“ водеа со 1:0 се до 88 минута кога му дозволија на Бензема да изедначи и да спаси бод за „Кралевите“.

Погодокот за Атлетико го реализира Луис Суарез во 15 минута на асистенција на Љоренте. „Кралевите“ иако играа ослабени без неколку првотимци, пред се Рамос, Карвахал и Азар па се обидуваа да најдат дупка во одбраната на домашната екипа, а ја најдоа во 88 минута. Повратникот Бензема, кој ја залечи повредата, успеа да погоди.

Бензема имаше двојно славје. Тој го одигра 371 натпревар и стана странски играч со најмногу настапи во Ла Лига, го пројде Роберто Карлос кој остана на 370.

Атлетико е прв на табелата со 59 бодови од 25 одиграни натпревари, втора е Барселона со 56 бодови но од 26 меча. Трет е Реал со 54 бодови од 26 меча.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk