Бекер: Новак мора целосно да му се посвети на тенисот

" alt=

Поранешниот тренер на Новак Ѓоковќ, Борис Бекер, го повикал српскиот тенисер да му се позвети на тенисот доколку сака повоторно да се врати на врвот.

Ѓоковиќ речиси две години не е на своето препознатливо ниво, има проблеми и со повредите, а во неколку свои изјави потенцираше дека тенисот повеќе не му е приоритет.

Германецот со кого Ѓоковиќ освои шест гренд лем титули, знае дека професионалниот живот е тежок.

„Нова е е среќен, семеен човек. Многу време поминува со сопругата и децата, но доколку сака повоторно да биде на врвот, тогаш мора 100 отсто да му се посвети на овој спорт, во секој момент“, рекол Бекер.

Тој дополнил дека на Ѓоковиќ му е јасно што треба да направи.

„Паметен е, знае што да прави. Треба да се жртвува“, дополнил Бекер.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари