Бекер: Алекс Зверев е најдобриот од новата генерација

" alt=

Германската тениска легенда Борис Бекер вели дека неговиот сонародник Александер Зверев е убедливо најдобриот тенисер од новата генерација и подготвен е да доминира, по триумфот на АТП финалето во Лондон.

21-годишниот Зверев прво го совлада 20-кратниот гренд слем шампион Роџер Федерер во полуфиналето во Лондон, по што со 6:4/6:3 го совлада светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ за најголемата титула во кариерата и четврта оваа сезона, за да заврши во топ 4 втора година едноподруго.

„Неколку години зборуваме дека на тенисот му е потребно ново лице и нов силен тенисер и сега го имаме тоа – најдобриот од новата генерација, Алекс Зверев. Победата над Ѓоковиќ беше голем момент, победа во голем меч, нешто што сите го чекавме. И претходно ги имаше победено Ѓоковиќ и Федерер, но вака, во два дена, кажува нешто друго. Тоа е демонстрација дека Алекс е следното ’големо нешто’, новата суперѕвезда во тенисот“, вели Бекер.

Бекер, кој во кариерата освои шест гренд слем титули, вели дека Зверев станал многу подобар тенисер откако почнал да работи со Иван Лендл во август.

„Среќен сум што го има Лендл, бидејќи Иван ќе му ги каже сите приказни за да ја разбере играта на највисоко ниво. Понекогаш и деталите се многу важни, а Лендл има големо искуство“, додава Бекер.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари