logo
logo
logo

Бејл: Ако кажам нешто ќе се случи хаос!

Vecer | 23.05.2021

Бејл: Ако кажам нешто ќе се случи хаос!

Со последниот меч во Премиерлигата против Лестер, и победата на Тотенхем од 4:2, со два гола на Герет Бејл, заврши позајмицата на Велшанецот во клубот од Лондон. Сега тој треба да се врати во Реал Мадрид.

За тоа кој е неговиот следен потег, Бејл по мечот изјави…

“Се ќе се случи по ЕП. Знам кој е мојот следен чекор, но ако сега кажам нешто мислам дека ќе се случи хаос“ рече Бејл.

На дополнителното прашање кога ќе ја објави веста, Бејл потенцираше.

“Кога ќе одлучам тогаш и ќе биде. Сега не мислам на тоа. Сега мислам и се концентрирам само на Велс и на ЕП, не мислам на ништо друго“.

За тоа дали Хари Кејн ќе го напушти Тотенхем, Бејл посочи.

“Не знам. Тој е фантастичен играч и никој не може да каже дека тој немаше уште една фантастична сезона. Кејн е играч на Тотенхем. Сите го сакаат во клубот, тој е многу важен играч и сите во клубот сакаат тој да остане“ заврши Герет Бејл.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk