logo
logo
logo

БАТ рангиран меѓу првите три најуспешни компании во Футси 100 ЕСГ

Vecer | 26.03.2021

БАТ рангиран меѓу првите три најуспешни компании во Футси 100 ЕСГ

• БАТ именуван за трета најуспешна фирма според ЕСГ во Футси-100(FTSE100)• Компанијата тргна по патот на трансформација кон Подобро утре™ (A Better Tomorrow™), ставајќи ја одржливоста во преден и централен план

• Во 2020 година, БАТ освои над 200 награди и е единствената компанија од својата индустрија во престижниот светски индекс за одржливост на Дау Џонс (Dow JonesSustainability World Index)

БАТ е именуван за трета највисоко рангирана компанија според оценката на ЕСГ во Футси-100 од страна на „Рефинитив“, светски давател на податоци за финансискиот пазар и подружница на групацијата Лондонска берза. БАТ постигна ЕСГ-резултат 91 од 100 и е највисоко оценета фирма во секторот за храна и тутун во светот.

Ова рангирање во првите три е последното од неколкуте признанија за БАТ поврзани со ЕСГ. Во 2020 година, компанијата освои над 200 награди, а за 2021 година веќе е рангирана за:

  • Златна класа во Годишникот за одржливост на С и П Глобал(S&P Global’s Sustainability Yearbook), ставајќи ја меѓу компаниите со најдобри резултати при мерењата на ЕСГ.
  • Највисока оцена за квалитет на социјални обелоденувања кај услугите на институционалните акционери (Institutional Shareholder Services’ (ISS) Social Disclosures Quality Score),со која се посочуваат најдобрите практики во класата за обелоденување на одржливоста.
  • Оценка „БББ“ во најновите рангирања на МСЦИ ЕСГ (MSCI ESG Ratings), што им помага на инвеститорите да ги идентификуваат и да ги разберат финансиски битните ЕСГ-ризици во портфолиото.
  • Член на одборот на Климатската А-листа на ЦДП (Проект за обелоденување на јаглеродниот отпечаток (Carbon Disclosure Project) и на Лидер за вклучување на добавувачите (Supplier Engagement Leader), веќе втора година по ред, со што се оддава признание за неговите активности околу решавање на климатските промени.
  • Глобален врвен работодавачод страна на Институтот за врвни работодавачи (Top Employers Institute), четврта година по ред.

Во март оваа година, БАТ објави дека ќе постави уште повисока цел додавајќи нови еколошки цели, вклучително:

  • Јаглеродна неутралност низ целиот вредносен синџир до 2050 година
  • 100% обновлива струја до 2030 година
  • 100% од сите производствени локации серифицирани од Алијансата за управување со водите (Alliance for Water Stewardship (AWS)) до 2025 година
  • 100% од сите производствени локации да имаат нула отпад за одлагање до 2025 година

[Звонко Колобара, претседател на БАТ Адриа] рече,„Освојувањето на над 200 награди во 2020 година беше исклучително признание за нашите достигнувања и покажува дека сме на пат да изградиме одржливо претпријатие за иднината. Задоволни сме што сме рангирани како една од трите најдобри компании на Футси-100 ЕСГ, што е доказ за нашите постојани напори. Во 2020 година се обврзавме на нови амбициозни цели за ЕСГ со цел да овозможиме Подобро утре за потрошувачите, општеството и за нашите инвеститори, и сме на добар пат да ги оствариме.“

Во март 2021 година, БАТ го објави годишниот извештај за ЕСГ, покажувајќи значителен напредок во однос на целите, меѓу кои:

  • Зголемување на бројот на потрошувачи на негоречки производи за 3 милиони, на 13,5 милиони на крајот од 2020 година
  • Зголемување на приходите од Нови категории за 15% во 2020 г. во однос на 2019 г.
  • Зголемување на обновливата енергија на 26% – зголемување од 10% во споредба со минатата година и намалување од над 30% во вкупните емисии на јаглерод од 2019 г.
  • Намалување на повлечената вода за скоро 11% од 2019 година
  • Одржување на над 38.000 обуки за човекови права, со над 390.000 учесници низ целиот синџир на снабдување, и
  • Остварување застапеност на жените на раководни позиции од 38%.

Белешки за уредникот

За БАТ

БАТ е водечка компанија за стоки за широка потрошувачка од повеќе категории, основана во 1902 година. Нашата цел е да изградиме Подобро утре™ преку намалување на ефектите од нашата дејностврз човечкото здравје, што значи:

  • Заложба да им обезбедиме на возрасните потрошувачи широк спектарна помалку ризични производи
  • Континуирана транспарентност во поглед на фактотдека традиционалните цигари можат да доведат до сериозен здравствен проблем и дека единствен начин да се избегне таквиот ризик е воопшто да не се започне или да се прекине со нивно консумирање
  • Поттикнување на оние кои сепак продолжуваат да пушат, целосно да се префрлат на научно поткрепени алтернативи со помал ризик*
  • Следење и споделување на напредокот при нашата трансформација

Компанијата најави зголемување на бројот на потрошувачи на негоречки производи на 50 милиони до 2030 година и остварување приход од барем 5 милијарди фунти од Новите категории во 2025 година.

*Врз основа на тежината на доказите и под претпоставка дека ќе се направи целосно префрлање од пушење цигари. Овие производи не се без ризик и создаваат зависност.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk