logo
logo
logo

Баскет КАМ прв финалист во женскиот плеј-оф

Vecer | 15.05.2021

Баскет КАМ прв финалист во женскиот плеј-оф

Екипата на Баскет КАМ од Македонска Каменица е првиот финалист на овогодинешниот Плеј-оф во женска конкуренција.

Актуелниот освојувач на Купот, уште еднаш беше пресилен за екипата на Вардар.

Во својата сала „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица, победија со убедливи (97:56), доволно да дојдат до (2-0) во полуфиналната серија на плеј-офот, и да „влезат“ во големото финале каде ќе имаат можност да се борат за двојната круна.

Кој ќе им биде противник во финалето, веројатно ќе биде познато по одигрувањето на вечерашниот дуел (од 18.часот), во кој екипата на Бадел 1862 има предност од (1-0) во серијата со Крива Паланка.

ФОТО: КФСМ


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk