logo
logo
logo

Баскет Кам ја прекина доминацијата на Вардар, си закажа финале со Бадел

Vecer | 07.05.2021

Баскет Кам ја прекина доминацијата на Вардар, си закажа финале со Бадел

Доминацијата на Вардар во последните три изданија во Купот на Македонија е прекината. Сето ова се должи на Баскет Кам ги совлада „црвено-црните“ со убедливи 95-59 и си закажа финале со Бадел.

Кошаркарките на Баксет Кам испишаа историја и сосема заслужено се најдоа во битката за пехарот, а до таму ги предводеше македонската репрезентативка, Анжелика Митрашиновиќ со 28 поени и Драгана Гобелиќ со 24 поени, и двете имаа дабл-дабл учинок, додадоа уште 10 односно 11 скока.

Баскет Кам тргна добро во првата четвртина имаше предност од 23-15, слично одигра и во следниот период, на полувремето имаше водство од 52-30. Вардар не успеа да се врати, негативата постојано растеше, на крајот останува добро да се подготви за продолжение на сезоната.

Финалето меѓу Бадел и Баскет Кам е закажано за во недела.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk