ДОКОЛКУ БИДЕ ПРИЗНАЕНА НЕЗАВИСНОСТА НА КАТАЛОНИЈА

Барселона ќе игра во Премиер лигата!

Каталонските власти тврдат дека обврзувачка е волјата на народот и дека следен чекор е отцепување од Шпанија и прогласување на самостална и суверена Каталонија

Првиот човек на Барселона, Жозеп Мариа Бартомеу, откри што ќе направи клубот кој 24 пати бил шампион на Шпанија и 29 пати го освоил Купот на Шпанија, доколку биде прифатена одлуката на каталонскиот народ од референдумот за отцепување од Шпанија.

Повеќе од 90% од луѓето кои гласаа на референдумот се изјаснија за независност. Поточно, од 2.262.424 ливчиња кои не беа запленети од Владата на Шпанија, 2.020.144 беа за независност.

Каталонските власти тврдат дека обврзувачка е волјата на народот и дека следен чекор е отцепување од Шпанија и прогласување на самостална и суверена Каталонија.

Шпанија не го признава ниту референдумот, ниту резултатите, а најави и дека ќе ја укине широката автономија на Каталонија.

Барселона ја чека конечната одлука, а Бартомеу, по состанокот кој го имал со клупските челници изјави: "Доколку биде прогласена независност, клубот и клупските челници ќе одлучат во која лига ќе се натпреварува Барселона".

Англиските и француските медиуми веќе на големо пишуваат дека Барселона сериозно ја разгледува и опцијата за прием во Премиер лигата или Лига 1.

Минуваме низ еден тежок период, комплициран период. Во зависност од тоа што ќе се случи во блиската иднина, ние ќе донесеме конечна одлука, на мирен начин, изјави првиот човек на Барса.

Каталонскиот министер за спорт, Жерард Фигуерас, изминатата недела изјави дека Барселона, но и останатите каталонски клубови, ќе можат да играат во некои други земји доколку Каталонија прогласи независност.

Во случај на независност, каталонските клубови од Примера дивизион, Барселона, Еспањол и Жирона, ќе мораат да одлучат во кое првенство ќе играат. Дали во Италија, Шпанија, Франција или Англија, изјави Фигуерас.

Поврзани

Најнови вести

Коментари