Распродадени сите билети

Барселона ја чека пекол во СЦ "Јане Сандански"

Македонскиот и европскиот ракометен шампион Вардар, сезонава за прв пат ќе игра пред исполнети трибини во СЦ "Јане Сандански". Во петтото коло од Лигата на шампионите во Скопје гостува Барселона, а овој меч ќе биде битка за врвот во А – група.

Билетите за овој меч се распродадени, нема веќе ниту карти за стоење и покрај тоа што во моментов на „ticketplus.mk" стои дека има уште 700 слободни места, каталонскиот гигант дефинитивно го чека вистински „пекол".

Раул Гонзалез и неговите избраници ќе имаат уште поголем мотив да го совладаат тимот за кого настапува Борко Ристовски и да се искачат на првото место во групата, каде во моментов со Барселона имаат еднаков број на бодови.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари