Барселона изгуби, Твитерџијата на Рома одлепи

Веројатно најлудиот твит некогаш напишан од страна на човекот кој е задолжен за официјалниот Твитер на Рома е овој вечерва после последниот свиреж на судијата.

 

Рома го приреди најголемото изненадување не само во четвртфиналните пресметки туку и во Лигата на шампиони воопшто во оваа сезона.

„Волчицата" успеа да ја анулира негативата од три гола од „Камп Ноу" и забележа сензационален триумф над Барселона со 3:0 за историско полуфинале во елитното натпреварување на УЕФА.

Серијата голови на „Олимпико" ја отвори Един Џеко во шестата минута, ја продолжи Даниеле де Роси од пенал во 58. минута, ја затвори Коста Манолас во 82. за ерупцијата на трибините на фудбалскиот храм во Вечниот град.

Пласман во полуфиналето вечерва осигура и Ливерпул чии фудбалери и во реваншот од англиската пресметка во ЛШ го совлада Манчестер сити, овојпат на неговиот „Етихад", со 2:1 со пресврт во второто полувреме.

Габриел Жезус ги поведе „граѓаните" во водство со 1:о уште во втората минута, „црвените" од градот на Битсли возвратија во вториот дел преку Мохамед Салах во 56. минута за Фирмињо во 77. да отстрани секакви дилеми, ако воопшто и постоеја за победникот во двомечот по оние 3:0 од првата средба на „Енфилд" пред седум дена.

Полуфиналниот квартет во шампионската Лига ќе биде комплетиран утревечер со реваншите меѓу Реал Мадрид и Јувентус на „Сантијаго Бернабеу" и Баерн Минхен против Севилја на „Алијанц арена". „Кралевите" имаат 3:0 од првиот меч во Торино, а Баварците се вратија со триумф од 2:1 од стадионот „Рамон Санчез Пискуан" во шпанската покраина Андалузија.

Поврзани

Најнови вести

Коментари