logo
logo
logo

Барселона го „растури“ Реал и по 26. пат го освои Кралскиот куп

Vecer | 14.02.2021

Барселона го „растури“ Реал и по 26. пат го освои Кралскиот куп

Кошаркарите на Барселона го победија Реал Мадрид и го освоија првиот трофеј во сезоната, откако денеска славеа во финалето на шпанскиот куп.

Барса дојде до 26-тиот пехар од ова натпреварување, освојувајќи ја третата титула во последните четири години. Каталонците до титулата дојдоа на доминантен начин, откако на Реал не му оставија простор за надеж за успех. На крајот славеа со убедливи 88:73.

Тимот предводен од Шарунас Јасикевичиус одигра брилијантно прво полувреме, а со одбраната го скрши концептот на ривалот. Во нападот го искористи моментот на самодоверба и дојде на пауза со 52:31.

Предноста умешно беше задржана и во вториот дел. Кори Хигинс постигна 20 поени, Роландс Шмитс 13, а Ник Калатес и Никола Миротиќ по 12. Кај Реал, најдобар беше Валтер Таварес со 17 поени.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk