logo
logo
logo

Барселона го „распарчи“ Билбао и се закити со трофејот од Купот на кралот (видео)

Vecer | 17.04.2021

Барселона го „распарчи“ Билбао и се закити со трофејот од Купот на кралот (видео)

Екипата на Барселона е освојувач на Купот на кралот откако вечерва со убедливи 4:0 ја победи екипата на Атлетик Билбао. По првото полувреме немаше голови, но во второто избраниците на Роналд Куман ја изрешетаа мрежата на баскиската екипа.

Фантастична партија одигра холандскиот офанзивец Френки де Јонг кој даде гол и запиша две асистенции. Тука е и капитенот Меси кој два пати ја погоди противничката мрежа.

Прво по неговата акција Антоан Гризман го отвори резултатот во 60. минута, а три минути подоцна самиот Де Јонг ја затресе мрежата. Во 68 минута Холанѓанецот го пронајде Лео Меси кој се запиша во листата на стрелци. А тоа не беше се, Меси уште еднаш погоди за конечни 4:0 за 31. трофеј во Копа дел Реј и прв под раководство на Роналд Куман. Во финишот и Гризман даде гол но му беше поништен поради офсајд по реакција на ВАР.

Атлетик втора сезона по ред остана без трофејот од Купот. Пред неколку денови го загуби финалето во Купот 2020 (се одложи поради пандемијата) од Сосиедад, сега повторно загуби во финалето на Купот на Шпанија. Атлетик го нема освоено трофејот од Купот уште од 1984 година.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk