logo
logo
logo

Барселона дури во 90-та минута го скрши отпорот на Ваљадолид (видео)

Vecer | 05.04.2021

Барселона дури во 90-та минута го скрши отпорот на Ваљадолид (видео)

Атлетико загуби од Севиља, а на Барселона и се пружи шанса да им се доближи на „јорганџиите“ на чело на табелата и тоа се случи. Многу потешко од очекувањата четата на Роналд Куман успеа да ги освои трите бода против Ваљадолид на „Ноу Камп“. Погодокот го постигна Осман Дембеле во 90. минута.

Барса доминираше на теренот, гостите цврсто се бранеа. „Каталонците“ имаа преку 20 шутеви на гол, од кои најмалку 10 во рамките на голот, но никако не успеваа да го скршат бедемот на гостинската екипа се до финишот кога Дембеле се најде на втората статива и со шут од косо ја погоди мрежата.

Барса е втора на табелата со поен помалку од лидерот Атлетико. Ваљадолид е 16-ти.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk