logo
logo
logo

Барселона добива пеколен играч, но под еден услов

Vecer | 14.05.2021

Барселона добива пеколен играч, но под еден услов

Холандскиот фудбалер, Мемфис Депај од редовите на Лион ќе се пресели во Барселона само доколку на клупата остане Роналд Куман.

Според „Марка“ сите детали се договорени, останува да биде оставрен единствениот и главен услов.

„По доаѓањето на Лапорта, местото на Куман не е најсигурно. Доколку Лапорта одлучи да го смени тренерот, во тој случај ќе бидат потребни дополнителни преговори за доаѓањето на Депај“, пишува „Марка“.

Депај по завршување на сезоната ќе биде слободен играч и сака да соработува со Куман, па токму поради ова е подготвен да игра за помала плата за да го оствари својот сон.

Тој е одличен напаѓач, кој може да игра на крилните позиции, тоа го покажа во Лион по пеколните години во Манчестер Јунајтед. Депај дресот на премиерлигашот го носеше од 2015 до 2017 година.

ФОТО: Memphis Depay


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk