logo
logo
logo

Барса со специјални дресови на супер-дербито со Атлетико Мадрид!

Vecer | 03.05.2021

Барса со специјални дресови на супер-дербито со Атлетико Мадрид!

Како што објавија денеска од страна на каталонскиот гигант, Барселона на претстојниот супер – дерби меч против Атлетико Мадрид ќе игра со специјални дресови. Тие се во боите на Барса но и на Каталонија, и ова нема да биде првпат да се носат на еден натпревар. На гостувањето во Мадрид, каде што Барса загуби од Реал со 2:1, за првпат се носеа тие дресови, но тогаш загубија, сега се надеваат дека ќе имаат поголема среќа.

На Барса на овој меч со „јорганџиите“ им треба победа по секоја цена ако сакаат да бидат пред нив, со оглед на тоа дека Атлетико по 34.коло е прв и има два бода предност пред Реал и Барса.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk