Во претпоследниот прв осминафинален меч од Лигата на шампионите, еден од главните фаворити за титулата оваа сезона, Барселона, лесно и убедливо славеше на гостувањето против Елверум со 25:37.

Предноста од 12 гола се чини е реален епилог на она што се случуваше во текот на целиот меч, а Барса одлуката за високата победа ја донесе уште во првите 15-тина минути, кога практично дојде и убедлива предност од 7-8 гола, која потоа умешно ја одржуваше, без да потроши многу сили на ова гостување.

Дика Мем со 8 гола на крајот беше најефикасен кај каталонците, а одлучно издание имаа и Фабрегас со 5 и Циндриќ и Јанц со по 4 гола. Светла точка во играта на Норвежаните беше Блонц кој средбата ја заврши со 8 гола.

sportmedia.mk