logo
logo
logo

Барса подготвена за промени: Куман нема да го спаси ни титула во Ла Лига

Vecer | 11.05.2021

Барса подготвена за промени: Куман нема да го спаси ни титула во Ла Лига

Тренерот на Барселона Роналд Куман, може да ја напушти функцијата на крајот од тековната сезона, пренесува ЕСПН.

Според изворот, неколку директори сметаат дека стилот на игра на Куман не е во согласност со долгорочните цели на клубот и ќе се откажат од него дури и ако Барселона го освои шпанскиот шампионат.

На три кола пред крајот на сезоната четири шпански клубови се во трка за титулата. Во предност е Атлетико кој има 77 бода, а Барселона го следи од второто место заедно со Реал (75). Свои шанси се уште има и Севилја (71).

Куман го презеде кормилото на Барселона во август 2020 година, а има активен договор до крајот на следната сезона.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk