logo
logo
logo

Барса го урна ПСЖ на Раул Гонзалес

Vecer | 21.10.2021

Барса го урна ПСЖ на Раул Гонзалес

Актуелниот европски првак Барселона го доби дербито со ПСЖ, на домашен терен славеше со 30-27 (13-13) во рамките на петото коло во Лигата на шампиони.

Првото полувреме беше навистина изедначено, гостите неколку пати имаа плус еден, додека на другата страна домаќинот поведе и со плус два, на одморот беше 13-13.

Барса по неколку минути игра поведе со 17-15, Раул Гонзалес и неговите избраници најдоа решение, со серија од три гола поведоа со 17-18, но тука застанаа.

Дика Мем влезе во ритам, беше главната движечка сила, постигна шест гола во овој дел.

Шпанскиот тим на десет минуту до крајот успеа да поведе со 24-21, ПСЖ дојде на минус еден, Де Варгас не дозволи изеденачување.

Првакот својата победа ја најави во 58. минута кога дојде на нови плус три 28-25.

Де Варгас запиша 16 одбрани, Мем заврши со 6 гола, Хансен имаше 7 погодоци.

Динамо Букурешт беше поразен на гости кај Мотор Запорожје со 28-27. На теренот се водеше вистинска битка, домашниот состав за нијанса беше подобар во второто полувреме, успеа на крајот да го сочува минималното водство.

Романскиот ти предводен од Чави Пасквал имаше напад за реми, но не го искористи, па го запиша четвртиот пораз по ред во ЛШ.

Пуховски беше прв стрелец со пет гола, кај Динамо Букурешт, Јонеа даде седум.

Претходно Веспрем без Дејан Манасков ја запиша третата победа во низа, четврта оваа сезона, го совлада Фленсбург со 28-23 благодарение на добрата игра во првото полувреме во кое имаше предност од 14-8.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk