Кошаркарите на Барселона славеа на големото дерби во Истанбул над Фенербахче со 82:73 во рамките на 33. коло во Евролигата. Ова е нова, 24-та победа на Каталонците, со која и натаму остануваат на врвот на табелата.

Српскиот репрезентативец Гудуриќ имаше извонредна партија во дресот на домашните, но не успеа да му донесе триумф на турскиот тим. Тој постигна 18 поени и беше најдобар реализатор на средбата.

На спротивната страна, Барса го имаше расположеното трио Куриќ (16), Дејвис (13), Миротиќ (12) кои со една тимска партија ги водеа гостите до новата понеда.

Фенер и покрај поразот, претходно обезбеди пласман во плеј-офот.

Евролига, 33. коло:

ЦСКА – Химки 97:72

Алба – Валенсија 86:90

Зенит – Асвел 87:53

Фенербахче – Барселона 73:82

sportmedia.mk