logo
logo
logo

Барса доби дозвола од УЕФА да се врати на “Камп Ноу“

Vecer | 02.09.2025

Барса доби дозвола од УЕФА да се врати на “Камп Ноу“

ФОТО: FC Barselona/X

Убава вест за сите во таборот на каталонската гордост, секако и за фановите на еден од најголемите клубови во светот.

Имено Барселона конечно доби дозвола да се врати на својот „Камп Ноу“.
Каталонските медиуми пренесуваат дека УЕФА ѝ дала дозвола на Барселона да ги игра натпреварите од лигашкаѕта фаза во Лигата на шампионите на својот „Камп Ноу“.
Сепак, постои голема веројатност Барселона да нема време да го подготви стадионот за првото коло кога Каталонците го пречекуваат ПСЖ, но УЕФА ја прифати можноста за промена на домаќинот поради вонредната состојба поради реконструкцијата на стадионот.
Освен Пари Сен Жермен, Барселона ќе биде домаќин и на Олимпијакос, Ајнтрахт Франкфурт и Копенхаген.
Да се потсетиме дека Барселона ќе игра како гостин ќе игра против Њукасл, Челзи, Клуб Бриж и Славија.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk