Одличен резултат за тимот на Леванте и нашиот Енис Барди од првиот меч во полуфиналето од националниот куп на Шпанија против Атлетик Билбао на гостински терен. Реми од 1:1, со што на Барди и на неговите соиграчи им се дава одлична шанса на реваншот на 4 март да направат подвиг и да се пласираат во финалето.

Нашиот интернационалец дефинитивно ја остави повредата зад себе и се најде во првите единаесет а одигра околу еден час на терен. Леванте поведе преку Мелеро во првиот дел, а израмни Мартинез во продолжението на мечот.

sportmedia.mk