logo
logo
logo

Барди е подобар, но останува во карантин, денеска пристигнува и Пандев

Vecer | 29.05.2021

Барди е подобар, но останува во карантин, денеска пристигнува и Пандев

Македонската репрезентација пополека се комплетира и ја почнува мисијата ЕУРО 2020. Првите тренинзи се веќе одработени, а пополека се комплетира ростерот на Игор Ангеловски. Како што е познато Македонија ќе одигра два пријателски натпревари, со Словенија и Казахстан, а потоа патува на ЕП.

Енис Барди кој беше позитивен на коронавирусот е во добра здравствена состојба, нема симптоми и нема температура за разлика од првиот ден кога имал благо покачување на температурата. Тој останува во карантин во специјална соба во хотелот Хилтон каде што престојуваат репрезентативците.

Денеска од Италија ќе пристигне и капитенот Горан Пандев. Тој ќе им се приклучи на соиграчите на тренинзите, а селекторот Ангеловски ќе одлучи дали ќе го стави во игра за тест-мечот со Словенија на 6 јуни или ќе го чува за ЕП.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk