logo
logo
logo

Балкански фудбалски комедии: Имаат најмногу бодови а се четврти на табелата!

Vecer | 03.05.2021

Балкански фудбалски комедии: Имаат најмногу бодови а се четврти на табелата!

Ова е Балкан и се е можно. Па дури и таква правила кои се навистина надвор од секоја логика.

Имено во БиХ, во тамошната Трета лига екипата на Љубушки има најмноу бодови, вкупно 46 по 20.коло. И кога е така, нели тогаш екипата треба да оди во повисок ранг.

Но тука има еден проблем, тие не се први туку четврти, навистина неверојатно. Имено според пропизиците екипата нема право да игра во втората лига ако нема соодветна инфраструктура. Па така петтиот Неум сега е прв, и тој ќе оди во повисок ранг.

Навистина неверојатно, само на Балканот…

Од Љубушки велат дека бадијала се најдобри, дека имаат најмногу победи и бодови, тоа не био важно за тамошниот сојуз, туку поважно било клубот да има столчиња на стадионот.

А, бе, фудбалски комедии…

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk