logo
logo
logo

Бајрон Дејвис до Златан: Глуп си и немој повеќе да доаѓаш во Лос Анџелес

Vecer | 28.02.2021

Бајрон Дејвис до Златан: Глуп си и немој повеќе да доаѓаш во Лос Анџелес

Преписката помеѓу Златан Ибрахимовиќ и НБА звездите од типот на Леброн Џејмс односно од денеска и Бајрон Дејвис продолжува.

Се започна откако Златан го кажа своето мислење околу вртните спортисти и нивното меѓање во политика. Тука го прозва самиот Леброн за кого рече дека е фантастичен во она што го прави но дека треба да се држи подалеку од политиката.

Најпрво доби одговор од Леброн, кој рече дека напротив, баш таквите како него треба да се инволвираат во политиката и да направат што можат, а и самиот го потстети Леброн на времето кога се пожали на расистичка атмосфера на спортските борилишта во неговата родна Шведска, само затоа што неговото презиме е поинакво од локалните.

Конечно, НБА ветеранот Бајрон Дејвис на социјалните мрежи буквално го изнавреди Златан, велејќи дека е глупав и да не помисли повторно да доаѓа во Лос Анџелес, каде што Ибрахимовиќ настапуваше за ЛА Галакси.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk