logo
logo
logo

Бајиќ: Резултатот не е важен, ние градиме игра за наредните години

Vecer | 26.11.2021

Бајиќ: Резултатот не е важен, ние градиме игра за наредните години

Македонскиот селектор Драган Бајиќ е задоволен од настапот на неговите избраници во првото полувреме, а не и во второто кога лесно губеа топки и притоа не постигнуваа кошеви.

Кажав дека не смееме да брзаме и да ја губиме главата против вакви репрезентации, а кога и да го правевме тоа, си дозволивме луксуз да губиме топки и противникот да дојде до лесни поени. Шпанија во вториот дел играше агресивно, имавме ние проблеми во организаијата и нападот и преносот во топката, тоа е таа сила на шпанската репрезентација и на нивната лига. Во овој меч на крајот не е важен резултатот, туку дека овие момци кои ги тренирам покажаа доза на борбеност и карактер. Но, некои работи и недостастоци не можеме да ги поправиме, посебно во вака краток период. Резултатот и не е толку важен, важно е да извлечеме поуки од овој меч и да учиме. Сакам да изградиме игра која ќе ја краси оваа репрезентација, не само за овие квалификациски мечеви за СП, туку и за ЕП“, изјави Бајиќ.

Следен предизвик на Македонија е мечот со Украина во Киев.

Украина е сериозна репрезентација и има искусен тренер. Ќе пробаме за тоа кратко време да се одмориме и да се потрудиме да одиграме добар меч во Украина. Работам со карактерни момци и се надевам дека ќе се прикажат во многу подобро светло“, вели селекторот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk