logo
logo
logo

Баерн во Шалке го најде наследникот на Левандовски

Vecer | 25.03.2021

Баерн во Шалке го најде наследникот на Левандовски

Баерн бара фудбалер кој во иднина ќе го наследи Роберт Левандовски во нападот, а ЕСПН тврди дека го пронашле во Шалке.

Се очекува баварскиот тим да го донесе 20-годишниот Метрју Хоп. Шалке е во голема криза и ќе испадне од лигата, на овој тим му се потребни финансиски средства. Поради ова во следниот период може да го продаде Хоп, а Баерн нема да ја пропушти таа шанса кога станува збор за младиот напаѓач. ЕСПН верува дека Баерн ќе го добие играчот за 20 милиони евра.

Тој не беше прва желба на Баварците, туку Халанд, кој е прескап за германскиот првак. Левандовски бее најдобар фудбалер за 2020 година, на крајот на оваа сезона ќе наполни 33 години, а со Баерн има договор уште две години. Челниците на клубот не планираат да го продадат, во неговите последни години ќе биде ментор на младите напаѓачи како Хоп.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk