logo
logo
logo

Баерн веќе знае кој ќе биде нов тренер на тимот, ако Флик стане селектор

Vecer | 11.03.2021

Баерн веќе знае кој ќе биде нов тренер на тимот, ако Флик стане селектор

Тренерот на Баерн (М), Ханси Флик е еден од кандидатите за нов селектор на германската репрезентација. Ако ја добие довербата на германската федерација, тоа значи дека германскиот шампион ќе мора да бара ново тренерско решение за следната сезона.

Според пишувањата на германски „Билд“, директорот на баварците Хасан Салихамиџиќ, веќе има свој фаворит. Според весникот, Салихамиџиќ веќе почнал да прави подготовка за евентуален ангажман на младиот стручњак на Лајпциг, Џулијан Нагелсман, кој во последните неколку сезони е еден од најценетите млади стратези во Европа.

За Нагелсман се знае дека е навивач на Баерн уште од детството и себе си се гледа како член на баварскиот гигант во продолжението на кариерата. Сепак, последниот збор во изборот на нов тренер нема да го има само Салихамиџиќ, затоа што се прашува и Карл-Хајнц Румениге.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk