logo
logo
logo

Баерн убедлив, а Левандовски стигна до 28. гола, Шалке повторно демолиран (видео)

Vecer | 27.02.2021

Баерн убедлив, а Левандовски стигна до 28. гола, Шалке повторно демолиран (видео)

Баерн Минхен им се врати на победите во Бундес лигата, денеска без тешкотии го совлада Келн со 5:1 во 23. коло. Уште по првото полувреме се наѕираше победникот. Ерик Максим Чупо Мотинг го отвори резултатот и го постигна првиот гол за Баерн во Бундес лигата. По него стрелаше Роберт Левандовски за 2:0, на почетокот на вториот дел Шкири намали, за потоа Левандовски да даде уште еден гол.
Полјакот сега има неверојатни 28 гола во само 23 натпревари сезонава во Бундес лигата.

Конечниот резултат го постави Серж Гнабри со два гола во последните 10 минути од мечот.

А Шалке уште еднаш разочара. Се чини дека е „печен“ за второлигашко друштво. Уште по првите 34 минута составот на Кристијан Грос се распадна со тоа што губеше со 3:0 (Ендо два гола, еден на Калајџиќ). Пред крајот на првиот дел Колашинац го намали резултатот, а во 72 минута Бенталеб промаши пенал за намалување на дефицитот на Шалке. Во последните минути Клемен и Дидави погодија за голема победа на Штутгарт од 5:1.

Клубот од Гелзенкирхен падна во очај и е на последното место со само 9 освоени бодови, 10 помалку од сигурната зона.

Борусија Дортмунд лесно ја совлада Арминија. Победата од 3:0 ја донесоа Дахуд, Санчо и Рение во второто полувреме.

Волфзбург ја победи Херта со 2:0 со автогол на Клунтер и гол на Лакроа.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk