logo
logo
logo

Баерн спрема револуција во продажба на влезниците!

Vecer | 03.05.2021

Баерн спрема револуција во продажба на влезниците!

Во Баерн Минхен не е се така супер во овие моменти. Промена на тренерот најдобриот фудбалер има понуда од Реал Мадрид, раната елиминација во ЛШ, но сепак за некои новитети секогаш има време.

Така и сега, а се знае дека во таборот на баварската гордост никогаш не се мирува.

Имено за наредната 2021/22 сезона, се разбира откако навивачите ќе добијат дозвола да се вратат на трибините, нема да има продажба на влезници за „Алианц Арената“ како досега, во хартија или пластика. Се подготвува вистинска револуција.

“Со цел да се заштити околината ние нема да нудиме печатени влезници, ниту пак тие од пластика кои ги нудевме како сезонски билети. Ова ќе биде наш придонес во заштита на околината и пред се климатските услови“ изјавија од Баерн Минхен.

Во превод влезници ќе се продаваат само преку мобилна апликација, преку која исто така ќе може да се резервира и паркинг место.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk