logo
logo
logo

Баерн поразен од Аугзбург, тинејџер му донесе победа на Дортмунд во дербито на Рур (видео)

Vecer | 17.09.2022

Баерн поразен од Аугзбург, тинејџер му донесе победа на Дортмунд во дербито на Рур (видео)

Баерн почна да чкрипи. По фантастичниот старт на сезоната, сега нешто заглави и не му оди во Бундес лигата. Реми со Менхенгладбах, па реми Унион и со Штутгарт, сега пораз од локалниот ривал Аугзбург.
Со голот на Мерџим Бериша екипата на Аугзбург го совлада Баерн со 1:0. Тоа е и втора победа на малиот баварски тим на домашен терен над Баерн откако го совлада и во ноември 2021 година.

Дербито на Рур помеѓу Борусија Дортмунд и Шалке 04 го одбележа повредата на Марко Ројс и еден гол во мрежата на тимот од Гелзенкирхен. Во 32. минута Ројс се повреди и беше изнесен на носилки, а голот за победа го постигна Мукоко во 79. минута. Toj со 17 години е најмладиот стрелец на гол на дербијата на Рур.

Со овие бодови Борусија Дортмунд скокна на првото место на табелата со 15 бода по 7 кола, но да не заборавиме дека вториот Унион и третиот Фрајбург имаат натпревар помалку. Баерн со денешниот пораз е трет со 12 бодови.
На другите натпревари Леверкузен и Вердер одиграа 1:1, а Ајнтрахт го победи Штутгарт во гости со 3:1.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk