logo
logo
logo

Баерн му го враќа Диего Коста на Јувентус, а таму не го сакаат

Vecer | 12.03.2021

Баерн му го враќа Диего Коста на Јувентус, а таму не го сакаат

Бразилското крило Диего Коста ќе се врати во Јувентус по завршување на сезоната затоа што во Баерн не планираат да го задржат фудбалерот кој оваа сезона игра под наем, пренесува „Тутоспорт“.

Даглас Коста запиша 11 меча, гол и асистенција за „Баварците“ во текот на оваа сезона во Бундес лигата, но европскиот и светски првак не сака да го задржи за постојано туку ќе му го врати на Јувентус.

А „Старата дама“ не го сака. Ќе се обиде уште сега да најде купец за него и да се ослободи. Инаку Бразилецот има договор со Јуве до 2022 година, а зимоска се зборуваше за трансфер во Милан но ништо не излезе од тоа. Се шпекулира дека може да се врати во Бразил и да го облече дресот на Гремио но ќе видиме.

Освен Коста, во Торино се врќаат уште Перин, Пјаца и Ругани, а Јуве и на нив ќе им бара нови клубови.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk