logo
logo
logo

Баерн и ПСЖ ќе се „чистат“ во четвртфиналето

Vecer | 19.03.2021

Баерн и ПСЖ ќе се „чистат“ во четвртфиналето

Предмалку во Нион, Швајцарија, седиштетот на УЕФА беа извлечени двојките за следната овојпат четвртфинална фаза од овогодинешното издание на Лигата на Шампионите.

Во фокусот на вниманието ќе бидат дуелите Баерн Минхен – ПСЖ како и Реал Мадрид – Ливерпул во кои секако се наоѓаат и главните фаворити за освојување на трофејот. Останатите двојки ги сочинуваат Манчестер Сити – Борусија Дортмунд односно Порто – Челзи

Што се однесува пак до полуфиналето, победникот од двомечот помеѓу БАерн Минхен и ПСЖ ќе вкрсти со подобриот од помеѓу Манчестер Сити и Борусија Дортмунд. Второто полуфинале ќе се бара помеѓу победниците од мечевите Реал Мадрид – Ливерпул односно Порто – Челзи.

Првите четвртфинални натпревари ќе се одиграат на 6 и 7 април, додека реваншите се седум дена подоцна.

Четвртфинални двојки Лига на Шампиони:

Манчестер Сити – Борусија Дортмунд

Порто – Челзи

Баерн Минхен – ПСЖ

Реал Мадрид – Ливерпул

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk