logo
logo
logo

Баерн го “реши“ Вердер!

Vecer | 07.02.2025

Баерн го “реши“ Вердер!

Вечерва во Минхен, на отворањето на 21.коло во Бундеслигата, Баерн Минхен со 3:0 го “реши“ Вердер со што освои три бода, екстра важни во битката за титулата.

Очекувано “баварците“ дојдоа до победата во меч во кој важеа за големи фаворити.

Сепак не беше се така лесно, ако се знае дека Баерн поведе со голот на Кејн и тоа од пенал во 56.минута. Потоа беше се полесно за домашните. Следуваа головите на Сане во 82.минута за 2:0 и повторно на Кејн и повторно од пенал во таа 90+7.минута за конечни 3:0.

Со оваа победа Баерн Минхен сега има 54 бодови, девет повеќе од вториот Леверкузен, но и натпревар повеќе.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk