Бранителот на титулата Баерн Минхен со убедлива победа во Франкфурт ја стартуваше новата сезона во најсилната германска лига. Избраниците на Јулијан Нагелсман ја наполнија мрежата на противникот и тоа на гостински терен, а по првите 45 минути имаа предност од 5:0!
Џошуа Кимих во 5-тата минута го постигна првиот гол во сезоната 2022/23, а по него стрелаа уште Павар, Мане, Мусиала и Гнабри.
Во второто полувреме тренерот Гласнер направи тројна измена, отиде со нова формација со која успеа достојно да му парира на противникот. Прво Јакиќ постигна гол кој беше поништен поради офсајд, а осум минути подоцна погоди Коло Муани.
А Баерн не остана само на тие пет гола. Во 83 минута Мусиала со својот втор гол ја запечати убедливата победа.
Утре играат: Аугзбург – Фрајбург, Менхенгладбах – Хофенхајм, Бохум – Мајнц, Унион – Херта, Волфсбург – Вердер, Борусија Дортмунд – Баер Леверкузен.

sportmedia.mk