logo
logo
logo

Баерн гази се пред себе - стигна и до светската титула!

Vecer | 11.02.2021

Баерн гази се пред себе - стигна и до светската титула!

Повторно европска екипа на тронот на светот. Баерн Минхен е освојувач на светската титула откако во финалето на Светското клупско првенство во Катар ги совлада Тигрес со 1:0. Актуелниот германски и европски првак влезе како огромен фаворит за триумф со оглед на поквалитетниот играчки кадар и поради фактот што Тигрес за првпат играат на Светското клупско првенство и првпат во финале.

Во 18 минута Џошуа Кимих погоди, но неговиот гол беше поништен поради офсајд. Сепак, во 59 минута Бенјамин Павар.

Ова е четврта светска круна за Баерн, а претходните ги освои во 1976 и 2001 кога ова натпреварување беше Интерконтинентален куп, а откако е под новото име и новиот формат ова е втора титула по онаа во 2013 година.

Исто така ова е шести трофеј по ред за Баерн.

Бронзата на турнирот ја освои африканскиот првак Ал Ахли од Египет кој во мечот за третото место го совлада Палмеирас на пенали 3:2 откако во регуларниот дел беше 0:0.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk