logo
logo
logo

Бадијала блесокот на Димитријевиќ, финишот фатален за Македонија

Vecer | 18.02.2021

Бадијала блесокот на Димитријевиќ, финишот фатален за Македонија

Штета, голема штета. Македонија е поразена од Италија со 92:84. А можевме да победиме во првиот меч во “балонот“ во Перм. Вака го претрпевме третиот пораз во третиот меч вкупно во квалификациската група Б за пласман на ЕП 2022.

Сепак играта на момците на селекторот Тодоров, посебно во првите три четвртини. Имавме и водство, но бадијала беше се, зошто таа последна четвртина беше фатална за нас Таа беше таа која го реши победникот на овој прв меч. Утре играме со Русија со почеток од 15:30 часот.

Кај нас очекувано најдобар поединец беше Нено Димитријевиќ, кој запиша 24 поени, додека кај Италијанците тоа беше Теситори со 18. Добар беше и Вајли кај нас, кој се покажа како големо засилување.

Но рековме веќе, се е бадијала зошто овој натпревар го загубивме.

Сосема добри први две четвртини за нашата селекција. Ако на почетотокот од мечот „аѕурите“ беа тие кои водеа, а ја добија првата со 25:23, тогаш во втората се беше на на наша страна. И тоа благодарение на Нено Димитријевиќ кој уште еднаш ја покажа сета своја висока класа. Тој беше предводник на нашата добра игра за добивање на втората четвртина со 20:16.

На крај на пауза Македонија замина со два поени разлика, инаку малку недостигаше таа разлика да биде поголема, имавме и 8 поени водство.

Во продолжение од средбата се играше ангажирано од двете селекции. Италијаните поведоа, но ние секогаш бевме тука, имавме и поен -два разлика, но никој не можеше да се одвои со поголема разлика. Проблем беа слободните фрлања, кои ни реално моравме и подобро да ги изведуваме. Па затоа третата четвртина ја добија Италијанците со 22:21.

Убав почеток на последната четвртина за нас, ја отворивме со тројка, но Италијанците враќаат преку Спису, кој беше најдобар кај нашите ривали. Следуваа лоши моменти за нас, Италија имаше 7 поени во серија, па затоа и водството од 70:67 за нив во третата минута од последната четвртина.

Следуваа поените на Вајли и тројката на Трајковски за резултатско враќање. Но Италијанците одиграа малку подобро и дојдоа до разлика од +6. Сепак кој друг ако не Нено Димитријевиќ, кој намали само на поен, 80:79.

Интересно беше во финишот, но сепак постојаното водство го имаа “аѕурите“. Следуваше “куцање“ на Вајли за нас, но Ричи постигна “тројка“, штета. Не се даваат Италијанците, и одново “тројка“ и сега скокнаа на +8 поени предност. Но до крајот и колку да се трудеа нашите момци, на крај Италија го задржа водството и успеа на крај да слави со 92:84.

ИТАЛИЈА – МАКЕДОНИЈА 92:84 (25:23, 16:20, 22:21, 29:20)

Група “Б“ – квалификации за ЕП 2022. Сала во Перм (Русија).

ИТАЛИЈА: Алвити, Канди, Ричи, Спису, Теситори, Акеле, Балдасо, Бортолани, Дела Вале, Процида, Роси, Спањоло.

Селектор: Ромео Сакети.

МАКЕДОНИЈА: Димитријевиќ, Д. Стојановски, В. Стојановски, Трајковски, Вајли, Ѓуроски, Крстевски, Магдевски, Митревски, Николов, Робев, Симиќ.

Селектор: Александар Тодоров.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk