logo
logo
logo

„Баделки“ поразени и во Нови Сад

Vecer | 19.01.2022

„Баделки“ поразени и во Нови Сад

Кошаркарките на Бадел 1862 го одиграа и вториот натпревар од Супер лигата на WABA. По гостувањето во Подгорица, македонскиот вицешампион имаше уште една тешка задача, на гостински терен во Нови Сад, против екипата на Војводина 021.

Домашните кошаркарки славеа убедливо со 79:55, пред се поради лошата прва четвртина на нашиот тим во кој направија предност од 23:7.  Работите не се сменија ниту на почетокот на втората четвртина која новосаѓанки ја отворија со серија од (10-0), во нецели четири минути, за недостижни (33:7).

Второто полувреме донесе далеку поизрамнета игра. Нашиот претставник заигра многу подобро за до крај да се обидат барем малку да ја анулираат негативата. Првата победа во втората, суперлигашка фаза од женското регионално натпреварување, кошаркарките на Бадел 1862 ќе ја бараат за една седмица. На 26 јануари на домашен терен ја пречекуваат екипата на Триглав.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk