logo
logo
logo

Бадел моќно до Куп-финале - Sportmedia.mk

Vecer | 07.05.2021

Бадел моќно до Куп-финале - Sportmedia.mk

Нема изненадување на првата полуфинална пресметка во женскиот Куп на Македонија „Благоја Георгиевски-Буштур“. Бадел на дело ја оправда фаворитската улога против Крива Паланка, славеше со убедливи 77-56  и се пласираше во финалето.

Кошаркарките на Бадел победата ја најавија по само 10. минути игра, поведоа со 20-6. Составот на Крива Паланка одигра добро само во третиот период, го доби со 19-24, но тоа не беше доволно за сензација.

Стојановска и Димова беше победничкиот тандем, заедно постигнаа 41 поен. Кај поразениот тим, Марјановиќ имаше дабл-дабл од 21 поен и 18 скока.

Бадел за противник ќе го има подобриот од пресметката меѓу Баскет Кам и Вардар.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk