logo
logo
logo

Бадел 1862 ја освои Македонска Каменица и го врати пехарот!

Vecer | 22.05.2022

Бадел 1862 ја освои Македонска Каменица и го врати пехарот!

Екипата на Бадел 1862 е новиот првак во женскиот шампионат. По поразот на домашен терен, скопскиот тим не дозволи нов шок и на гостински терен во Македонска Каменица ги реши сите дилеми, го совлада Баскет Кам со 71-77 за конечни 3-1 во финалето на плеј-офот.

Ова беше уште еден интересен натпревар, во кој Баскет Кам беше подобар во првото полувреме, имаше водство од 42-35. По одморот „баделки“ се разбудија, третата четвртина ја добија со 16-22 и на стартот на 30. минута намалија на 58-57.

Кошаркарите на Бадел ја превземаа контролата на мечот, во последните две минути поведоа со 71-75, доволно за мирен финиш и голема радост.

Стојановска со 27 поени беше лидер, Метју имаше 20 поени и 13 скока, во редовите на Баскет Кам, Алексиќ постигна 25 поени.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk